ТЕНЗИИ меѓу двете суперсили: САД и Русија се докажуваат кој е „газда“ на Црното Море
Напнатата ситуација во Украина се повеќе се одразува и на односите меѓу Вашингтон и Москва, а агенцијата Асошиејтед прес известува за драматичен инцидент меѓу двете суперсили во Црното Море.
Според информациите на агенцијата, во саботата Русија одлучила да им покаже на САД кој е вистински „газда“ на Црното Море, каде што Вашингтон од почетокот на украинската криза распореди неколку воени бродови.
Еден руски воен евион од типот Сухој во неколку наврати со голема брзина и во исклучително низок лет се приближил до американскиот воен брод УСС Кук. Наводно, дошол на само 1.000 метри до бродот, а потоа се спуштил на висина од 150 метри и такапродолжил да кружи околу бродот цели 90-тина минути.
Екипажот на УСС Кук ова го сфатил како провокација и кршење на меѓународните договори па преку радио врска повеќепати го предупредиле пилотот да престане со надлетувањето. Иако наменет за борбени активности, американските офицери забележале дека овој Сухој не бил опремен со класично вооружување. На крајот сè завршило без размена на оган.
Од Пентагон за агенцијата потврдиле дека во близина на УСС Кук плови и еден руски воен брод, но иако го гледаат јасно со голо око, сметаат дека засега тој не ја преминал црвената линија за да се чувствуваат загрозени.
Американскиот брод во Црното Море доплови на 10 април и досега се движи во меѓународни води во релативна близина на Романија. Освен стандардниот екипаж и вооружување, на него се наоѓаат и неколку воени хеликоптери подготвени во секој момент да се вклучат во евентуална акција.
Слично
