Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензичен референдум во Турција, две лица застрелани

Тензичен референдум во Турција, две лица застрелани

Две лица загинале во оружена престрелка што избила меѓу две групи пред избирачко место во провинцијата Дијарбакир, во југоисточна Турција, јавуваат турските медиуми.

 Конфликтот меѓу две семејства се случил во дворот на училиштето во селото Јабанарди, каде што луѓето гласаат на денешниот референдум за уставните измени, објави новинската агенција Анадолу.

Официјално не се знае причината за конфликтот, но агенција Доган објави дека причината била „несогласување во политичките ставови“.

Едно лице е однесено во болница, а две се приведени по инцидентот.

Повеќе од 55 милиони луѓе од Турција денеска гласаат на референдум за измени на Уставот, со кои, меѓу другото, се предвидуваат пошироки овластувања на претседателот на државата.

Ако уставните измени бидат одобрени на референдумот, премиерската функција ќе биде укината во корист на претседателот.


Слично

Поврзани вести