Тенисерите тријат раце, расте фондот за награди на Вимблдон
Наградниот фонд на гранд слам турнирот во Вимблдон се зголемува за 40 проценти до 34,4 милиони долари годинава.Ова денеска го најавија организаторите кои посочуваат дека станува збор за зголемување од 9,9 милиони долари во однос на лани.
Од „Ол Ингланд клуб“, посочуваат дека ова е најголемиот вкупен награден фонд во историјата на тенисот. Притоа победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,4 милиони долари, наместо о 1,75 милиони долари колку што земаа лани.
Слично
