Температурите на Северниот пол рушат рекорди за Божиќ
Toпол бран може да ја подигне температурата на Северниот пол до рекордни нивоа по Божиќ, предупредуваат научници, цитирани од ВВС.
Во ноември и декември температурите беа со 5 степени Целзиусови повисоки од просечните.
Ова создава предуслови за рекордно зголемување на температурите - дури до 20 степени Целзиусови над просекот - односно околу нулата. Затоплувањето се случува во услови на регистрираното намалување на нивото на мразот летово.
Во декември 2015 година температурите беа исто така блиску до нула степени на Северниот пол, потсетува ВВС.
Главната причина за овие температурни аномалии е човековата негрижа, која ја уништува животната средина, категорични се научниците.
Во моментов статистичките модели на научниците покажуваат дека има шанса од 2% жешките бранови да се повторуваат секоја година.
