Економија, финансии, бизнис

Контакт

Температурите измерени овој месец биле највисоки во изминатите 120.000 години

Температурите измерени овој месец биле највисоки во изминатите 120.000 години

Научниците велат дека постои виновник за температурните рекорди. Температурите измерени овој месец биле највисоки во изминатите 120.000 години, а веројатно и во историјата на цивилизацијата. Во Европа на секои 10 години се случува силен топлотен бран.

Јулските топлотни бранови во Европа и Северна Америка ќе беа практично невозможни без климатските промени предизвикани од човекот. Силни топлотни бранови месецов ја зафатија јужна Европа, делови од САД, Мексико и Кина, со температури над 45 степени Целзиусови, пренесува Sky News. Влијанието на климатските промени е видливо во топлотните бранови кои ја погодија планетата овој месец, но тие стануваат почести, заклучува студијата во рамките на меѓународната мрежа која ги испитува временските шеми (World Weather Attribution WWA). 

Утврдено е и дека согорувањето на јаглен, нафта и природен гас, што предизвикува зголемување на температурата, го направило топлотниот бран во Кина 50 пати поверојатно.

Истражувачите открија дека силни топлотни бранови сега може да се очекуваат еднаш на секои 15 години во Северна Америка, на секои 10 години во јужна Европа и на секои пет години во Кина.

Научниците предупредија дека ако порастот на температурата достигне 2 степени, ваквите настани, како сегашниот топлотен бран, ќе зачестат и дека ќе се случуваат на секои две до пет години.

Без глобалното затоплување, таквите температури во Европа и Северна Америка секако би биле невозможни, додека топлотен бран во Кина би се очекувал само еднаш во 250 години, пишува Sky News.

Слично

Поврзани вести