Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕМНА ПРОГНОЗА НА АМЕРИКАНСКИ ПОЛКОВНИК: Ако ескалацијата продолжи, можеби нема да остане ништо од Израел

ТЕМНА ПРОГНОЗА НА АМЕРИКАНСКИ ПОЛКОВНИК: Ако ескалацијата продолжи, можеби нема да остане ништо од Израел

Подигнувањето на влоговите на Блискиот Исток од страна на Соединетите Држави може да доведе до уништување на Израел, изјави пензионираниот американски полковник Даглас Мек Грегор во интервју за каналот Redacted YouTube.

- Постојат сите предуслови за многу голема војна. Ние (САД) ја ескалираме ситуацијата во сите правци. Се чини дека веруваме дека подигањето на влоговите функционира. Тоа го пробавме во Украина. Ескалиравме, ескалиравме и ja ескалиравме ситуацијата - и „Денес Украина е во урнатини. Многу се плашам дека ако оваа регионална војна (палестинско-израелскиот конфликт) продолжи да се развива како што јас ја гледам, тогаш можеби на крајот нема да остане ништо од Израел, предупреди Мек Грегор.

Според експертот, САД „влегуваат во конфронтација“ со многу земји на Блискиот Исток, а оваа ситуација може да доведе до катастрофални последици.

Утрото на 7 октомври, Израел беше подложен на невиден ракетен напад од Појасот Газа. По масовното гранатирање, борците на Хамас влегоа во пограничните области на југот на еврејската држава.

Военото крило на палестинското движење ја најави операцијата „Потопот Ал Акса“.

Како одговор, израелските одбранбени сили најавија започнување на операцијата Железни мечеви против Хамас во Појасот Газа. Неколку дена по нападот, израелската армија ја презеде контролата врз сите населени области во близина на границата и почна да изведува воздушни напади врз цели, вклучително и цивили, во енклавата. Освен тоа, Израел најави целосна блокада на Газа: прекинати се испораките на вода, храна, струја, лекови и гориво.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести