Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телохранител уби министер поради доцнење на платите

Телохранител уби министер поради доцнење на платите

Teлохранител денеска го уби министерот за труд во Уганда, Чарлс Енгола, поради приватни несогласувања, објавија локалните медиуми. Убиството се случило во домот на Енгола во главниот град Кампала.

Како што објави државната телевизија на Уганда, напаѓачот, чиј идентитет не се соопштува, пукал во министерот, а потоа и во себеси со што се самоубил. Локалните медиуми пишуваат дека спорот бил за платите на обезбедувањето. Очевидци тврдат дека војникот викал дека долго време не добил плата, иако работел за министерот, објави порталот „Најлпост“. Енгола беше пензиониран армиски полковник. Убиството е поради бизарна причина. Инаку, во Уганда мнозинството од населението е сиромашно. 

Слично

Поврзани вести