Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Телеком Австрија“ со 500 мил. евра ќе ја зајакнува позицијата на Балканот

„Телеком Австрија“ со 500 мил. евра ќе ја зајакнува позицијата на Балканот
Петстотини милиони евра капитал ќе обезбеди „Телеком Австрија“ со цел купување на нови фрекфенции на аукцијата во септември. Како што пишува весникот „Дер Стандард“, за овој износ се дискутирало на седницата на надзорниот одбор пред две недели. „Америка Мовил“ која е во сопственост на мексиканскиот милијардер Карлос Слим, сопственикот на 24 проценти од акциите, веќе сигнализираше дека е подготвен да учествува во прибирањето на планираните капитални средства. Во „Телеком Австрија“ сега сакаат да знаат дали тоа ќе го стори и австриската влада и со тоа да го зачува својат 28 процентен удел, пишува „Дер Стандард“. Во „Telecom Austria“ не сакаа веднаш да коментираат за објавените податоци во весникот. Извршниот директор на „Телеком Австрија“, Ханес Аметстритер, во средината на јули, изјави дека компанијата е во потрага за превземање на компании од Хрватска и Србија кои ќе му овозможат да стане водечки играч на Балканот. Како интересни компании тој ги издвои хрватскиот оператор „Х1 Телеком“ и српскиот кабелски оператор „CББ“.
Слично

Поврзани вести