Телеком Аустрија во лов на пари за големи вложувања
Телеком Аустрија ја истражува можноста за да прибере повеќе стотици милиони евра, потребни за претстојните големи вложувања, изјавил за весникот News претседателот на управата Рудолф Кемлер.
Во интервјуто Кемлер потсетил на престојната акција на новата радиска фрекфенција.
- Веројатно во групата ТА немаме доволно пари за тоа, изјавил Кемлер најавувајки го посегнувањето по пазарот за капитал.
- Овластивме управа да превземе мерки во таа насока, истакнал Кемлер.
На прашањето дали со овие изјави мисли на купување на хибридни обврзници во вредност до 800 милиони евра, Кемлер одговорил: Во таа насока се одвиваат нашите размислувања.
Слично
