Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телефонски разговор: Оланд, Меркел, Порошенко и Путин за Украина

Телефонски разговор: Оланд, Меркел, Порошенко и Путин за Украина

Лидерите на Франција, Германија, Украина и Русија денеска во текот на денот ќе разговараат телефонски за украинската криза, изјавил потпаролот на француската влада Стефан Ле Фол.

„Лидерите сакаат да дадат поддршка на договорот и негова имплементација“, изјавил Ле Фол на редовната конференција за новинари за ситуацијата во Украина, пренесе Ројтерс.

Иако на 15 февруари стапи на сила примирјето, околу градот Дебаљцево веке неколку дена се водеа жестоки борби помеѓу украинските и проруските сили.

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврдил дека денеска силите на украинската војска и гарда се повлекле од градот Дебаљцево на истокот од земјата, а висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Фредерика Могерини ги обвинила проруските сили дека го кршат договорот од Минск и он нив побарала да прекинат со своите војни активности.

Могерини исто така, ја повика Русија да се придржува кон обврските.

Слично

Поврзани вести