ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР НА БАЈДЕН И МАКРОН: Што договорија за Русија и Украина?
Претседателот Бајден и претседателот Макрон се договорија нивните тимови да бидат во редовен контакт, во консултации и со сојузниците во НАТО и со партнерите од ЕУ, се вели во соопштението на Белата куќа.
Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и неговиот француски колега Емануел Макрон оствариле телефонски разговор во кој се договориле за заедничка политика кон Русија.
Двајцата ја потврдија својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, соопшти Белата куќа.
Biden-Macron pic.twitter.com/11GU67siKM
— annmarie hordern (@annmarie) February 3, 2022
„Претседателот Бајден и претседателот Макрон се согласија дека нивните тимови ќе бидат во редовен контакт, во консултации и со сојузниците во НАТО и со партнерите од ЕУ, за нашиот координиран и глобален пристап за решавање на овие прашања“, се вели во соопштението. Се додава дека двајцата претседатели разговарале и за тековната координација на дипломатско ниво.
Бајаден и Макрон разговарале и за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија во случај на инвазија на Украина, пренесува Ројтерс.
фото: Твитер
