Телата на загинатите во авионската несреќа со авион стигнуваат во Холандија
Во Холандија денеска е прогласен ден на жалост за трагичната авионска несреќа на Малезија Ерлајнс во источна Украина, во која животот го загубија 298 лица, од кои најголемиот број - 193 холандски државјани.
Телата на загинатите околу 200 патници од украинскиот град Харков беа префрлени во австралиски транспортен аеродром и со него ќе бидат префрлени до холандскиот град Ајндховен.
Холандски официјални претставници велат дека пребројале околу 200 тела и дека недостигаат уште 95, односно една третина од загинатите патници и членови на екипажот.
Холандскиот крал Вилјем-Александер и кралицата Максима ќе го дочекаат авионот во Ајндховен заедно со семејствата на загинатите. Од аеродромот, телата ќе бидат префрлени во воената база Хилверсум кај Амстердам на повторна идентификација.
Боингот 777 на Малезија Ерлајнс патуваше на релација Амстердам-Куала Лумпур кога се урна во источна Украина, најверојатно погоден од ракета земја-воздух.
„Црните кутии“ на малезискиот авион, кои ги регистрираат податоците за летот и работата на клучните уреди на леталото, како и разговорите во пилотската кабина, денеска се пренесени во Велика Британија, каде што ќе бидат анализирани.
Слично
