Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телата на загинатите со воз патуваат за Холандија, црните кутии ќе ги преземе Малезија

Телата на загинатите со воз патуваат за Холандија, црните кутии ќе ги преземе Малезија
Телата на загинатите патници во несреќата на авионот на „Малезија Ерлајнс“ во источна Украина со воз-ладилник се транспортираат кон Холандија. Попладнево возот со телата на 282 од вкупно 298 патници и членови на екипажот тргна од украинскиот град Торез, најпрвин кон Харков, а потоа и кон Холандија. Холандските власти најавија дека имаат намера да извршат сопствена идентификација на жртвите. Црните кутии од малезискиот авион, пак, ќе ги преземе Малезија, најави премиерот Наџиб Разак. Малезиски воздухопловни експерти попладнево допатувале во Доњецк за да се вклучат во истрагата за причините за катастрофалната несреќа. Локалните власти претходно најавија дека црните кутии ги држат на сигурно и оти ќе им ги предадат на меѓународните истражни органи.
Слично

Поврзани вести