Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕЛАТА НА СИТЕ 10 ПАТНИЦИ СЕ ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕНИ, ЕДНО Е ОДЕЗГЛАВЕНО: За идентификација ќе биде неопходна ДНК анализа

ТЕЛАТА НА СИТЕ 10 ПАТНИЦИ СЕ ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕНИ, ЕДНО Е ОДЕЗГЛАВЕНО: За идентификација ќе биде неопходна ДНК анализа

Околу 22 часот синоќа, руската управа за цивилно воздухопловство потврди дека Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин загинале. „Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер Дмитриј Уткин беа на летот“, се вели во соопштението.

Сите десет лица во авионот, тројца членови на екипажот и седум патници, загинаа во авионската несреќа во регионот Твер. Основачот на Вагнер се најде на списокот на патници. Неговата смрт беше потврдена и од Grey Zone, Телеграмски канал тесно поврзан со Вагнер.

Телата целосно изгореа

Агенцијата Nexta, повикувајќи се на руски извори, пишува дека телата пронајдени на местото на несреќата се речиси целосно изгорени. Досега, додаваат, се пронајдени осум тела. Едното тело е обезглавено, додека другите се тешко оштетени, пишува Nexta, повикувајќи се на медиуми блиски до Кремљ.

За идентификација ќе биде неопходна ДНК анализа.


Слично

Поврзани вести