Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телата на патниците пренесени во Русија: Остатоците на 144 загинати во Египет денес ќе се идентификуваат!

Телата на патниците пренесени во Русија: Остатоците на 144 загинати во Египет денес ќе се идентификуваат!

Авион на руското Министерство за вонредни состојби со 144 тела на загинатите во авионската несреќа во Египет, слетал утрово на аеродромот во Пулково во Санкт Петербург, соопштуваат од тоа министерство.

Другиот авион ќе стигне вечерва, а идентификацијата ќе започне денес.

ruski-avion-sa-telima-zrtava-avio-nesrece-foto-reuters-1446452293-775497

Членови на семејставта ќе дадат ДНК примероци во центарот, кој е поставен во непосредна близина на аеродромот, на местото кое сега претставува спомен, на кој луѓето оставаат цвеќе и играчки во знак на сеќавање на жртвите, пренесуваат агенциите.

Патничкиот авион А321 на руската компанија „Когалимавија“ на пат од Санкт Петербург, се урна вчера околу половина часа полетување од египетското одморалиште Шарм ел Шеик.

Тој паднал 100 км јужно од градот Ал Ариш на северот од Синај. Во авионот биле 217 патници и седум членови на екипажот. Меѓу патниците биле и четири Украинци и еден Белорус, а преживеани нема.

ruski-avion-sa-telima-zrtava-avionske-nesrece-foto-reuters-1446451902-775495

 Истражувачи од неколку земји го пребаруваат теренот на Синај, а шеф на ирскиот тим рекол дека резултатите од пронајдените црни кутии ќе бидат познати за неколку дена.

Шефот на руската Агенција за воздушен сообраќај Александар Нерадко рекол дека авионот се распаднал во воздух додека летал на голема висина.

Слично

Поврзани вести