Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тела на мажи кои биле мачени се најдени во Буча

Тела на мажи кои биле мачени се најдени во Буча

Уште три тела на убиени цивили мажи се најдени вчера во Буча во Украина. 

„Рацете на жртвите беа врзани, очите им беа покриени со партали, а на некои им беа затворени устите. На телата има траги од тортура“, стои во соопштението на регионалната полиција на Киев.

Би-би-си пишува дека не можеле да ја потврдат оваа информација независно.

Руските сили мачеле и убиле над 1.200 цивили близу Киев.  Украинските власти веќе имаат 10 осомничени војници за овие злосторства. Русија негираше дека нивни војници малтретираат и убиваат цивили, но украинските власти пак велат дека ова е геноцид. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба вели дека преговорите меѓу двете страни одат тешко по средбата во Истанбул. 

foto EPA/ANDRII NESTERENKO

Слично

Поврзани вести