Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕЛ АВИВ ПОДГОТВЕН: Почнува најдолговечното телевизиско шоу „Евровизија“

ТЕЛ АВИВ ПОДГОТВЕН: Почнува најдолговечното телевизиско шоу „Евровизија“

Вечерва во Тел Авив почнува најдолговечното телевизиско шоу во светот „Песна на Евровизија“.

Првата полуфинална вечер има 17 изведувачи а нашата Тамара ќе настапи во четврток на втората полуфинална вечер.

 По 10 држави кои во двете полуфинални вечери кои ќе освојат најголем број гласови, ќе се натпреваруваат во финалето на 18 мај заедно со таканаречената „голема петорка“ која ја сочинуваат Британија, Шпанија, Германија, Италија и Франција, а директен пласман во финалето има и Израел како земја домаќин.

Според прогнозите на сведските обложувалници, во натпреварот за најдобра песна на Европа, најголеми шанси има Холандија, а меѓу фаворитите се и Русија, Италија, Шведска и Франција.

Инаку 64 „Евросонг“ се одржува под слоганот „Dare to Dream“ - Осуди се да сонуваш, во салата „Експо“ во Тел Авив., во Павилјон два ,каде е сместена бината која зазема простор од 50 000 метри квадратни.

Слично

Поврзани вести