Текстилците од Бангладеш ќе формираат свои синдикати
Бангладеш на работниците од секторот за производство на облека им одобри да организираат свои синдикати во фабриките, без да се бара одобрение на сопствениците, пренесоа американските медиуми.
Денешното одообрение на владата е донесено еден ден откако таа објави план за зголемување на минималната плата на работниците во текстилната индустрија.
Во април, по уривањето на зграда во оваа земја, загинаа 1.100 лица. Овој трагичен настан го привлече светското внимание врз очајно ниските плати и опасните услови за работа во земјата, во која текстилната индустрија произведува 20 милијарди долари и обезбедува стока за трговските синџири низ целиот свет.
Владиниот порпарол Мошараф Хосаин Буијан прецизира дека владата одобрила измени во законот за работни односи од 2006 година, што ги укинува ограничувањата за создавање на синдикати во текстилниот сектор и во други оддели. Стариот закон предвидуваше работниците да добиваат одобрение пред да можат да се обединат во синдикат.
