Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕХЕРАН ПОТВРДИ: Убиени се ќерката, зетот и внукот на ајатолахот

ТЕХЕРАН ПОТВРДИ: Убиени се ќерката, зетот и внукот на ајатолахот

Иранските медиуми блиски до властите јавуваат дека во најновите напади се убиени ќерката, зетот и внукот на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи. Земјата прогласи 40 дена жалост. 

Информацијата ја објави новинската агенција Fars News Agency, поврзана со Корпус на чувари на исламската револуција, повикувајќи се на „добро информирани извори“ од кабинетот на врховниот лидер. Се наведува дека во нападите наводно загинала и една од снаите на Хамнеи.

Сепак, иранските официјални власти сè уште немаат формално потврдено ниту една од овие информации, ниту пак има официјална потврда за наводната смрт на самиот врховен лидер.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Хамнеи е мртов, во изјава што предизвика силни реакции на меѓународната сцена.

Во објавата, Трамп наведе дека станува збор за „правда за народот на Иран и за жртвите ширум светот“, додавајќи дека операцијата била изведена во тесна координација со Израел и дека ќе продолжат „прецизни бомбардирања“ сè додека не се постигне, како што наведе, мир во регионот.

Тој исто така упати порака до припадниците на иранските безбедносни сили, повикувајќи ги да се приклучат на „ирaнските патриоти“.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести