Техеран формира државна агенција за управување со Ормускиот теснец
Врховниот совет за национална безбедност на Иран денес формираше нова државна агенција за управување со Ормускиот теснец.
Новоформираната Управа за Персискиот Залив ќе обезбедува „информации во реално време за операциите во Ормускиот теснец и најновите случувања“, се вели во соопштението на Врховниот совет, како што објави Ал Џезира.
Иранските власти, исто така, објавија воведување нови процедури за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, според кои сопствениците на бродови мора да аплицираат за дозвола преку министерствата за надворешни работи на нивните земји.
Според соопштението, дозвола за минување низ Ормускиот теснец ќе се издаде ако бродот не припаѓа на „непријателска држава“.
Слично
