Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАЖНА СЛИКА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Девојка почина од глад

ТАЖНА СЛИКА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Девојка почина од глад

Девојка на возраст од 19 години почина од глад во Венецуела. 

Елизабет Дијаз е жената која морала да го носи телото на својата ќерка, која имала само 10 килограми, до мртовечницата.

Девојката ја однела во болница во Валенсија, но таму не можеле ништо да направат затоа што немало струја. 

Лекарите ја советувале мајката да посети друга болница во Лас Ломас каде би можеле да помогнат на девојката која боледува од церебрална парализа и хронична неухранетост.

Но, нејзината состојба се влошила и имала многу напади. Кога семејството стигнало во другата болница, се шокирале затоа што нема резервен струен агрегат. Потоа, ќерката на Елизабета починала.

Бидејќи е сиромашна, мајката не можела ни да го преземе телото и да ја погребе својата ќерка.

Кризата посебно се одрази врз здравството во Венецуела,  а повеќе од 3 милиони луѓе ја напуштија земјата.

Венецуелците неколку дена немаа електрична енергија поради огромниот дефект на севкупната мрежа која ја зафати земјата.

Националното собрание на Венецуела вчера прогласи вонредна состојба, а Владата им нареди на училиштата и компаниите да останат затворени поради прекин на електричната енергија, кој трае веќе пет дена.

Американската амбасада во Венецуела го повлече преостанатиот персонал во Каракас, поради влошувањето на ситуацијата во таа земја. 

Слично

Поврзани вести