ТАЖНА СЛИКА ОД МЈАНМАР: Бројот на жртви се зголеми
Голем е бројот на жртви во Мјанмар. Бројот на загинати луѓе во земјотресот во Мјанмар достигна 2.719, а 4521 лице е повредено, додека 441 се водат како исчезнати.
Информациите ги потврди генерал Мин Аун Хлајн, лидерот на воената хунта во земјата. Тој предвидува дека бројот на жртви би можел да надмине 3.000. Во петокот имаше земјотрес од 7.7 степени, но потоа имаше и други потреси.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Мандалеј, вториот најголем град во Мјанмар, со население од околу 1,5 милиони жители. Во соседен Тајланд, бројот на загинати се искачи на најмалку 18, додека 78 се водат како исчезнати, главно градежни работници.
И пред земјотресот, скоро 20 милиони луѓе во Мјанмар беа зависни од хуманитарна помош. Обединетите нации и нивните хуманитарни партнери првично обезбедија 15 милиони американски долари за мерки за спасување животи и под тешки логистички услови, испратија помош, како и тимови за итна медицинска помош.
фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAК
Слично
