Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАЖЕН ДЕН ЗА СВЕТСКИОТ ЛИДЕР - Бајден ја одбележа годишницата од загинувањето на неговата прва жена и ќерката

ТАЖЕН ДЕН ЗА СВЕТСКИОТ ЛИДЕР - Бајден ја одбележа годишницата од загинувањето на неговата прва жена и ќерката

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги посети гробиштата во Католичката црква во Делавер, по повод 49-годишнината од смртта на неговата прва сопруга и ќерка, кои загинаа во сообраќајна несреќа.

Првата сопруга на Бајден, Неилија, и 13-месечната ќерка Наоми, починаа веднаш откако Бајден беше избран за сенатор во 1972 година. Синовите Бо и Хантер, кои во моментот на несреќата имале четири и три години, се тешко повредени, пренесува Voice of America.

Семејната трагедија беше еден од клучните моменти кои ги обликуваа личниот живот и кариерата на Бајден, според агенцијата АП.

Во 1977 година, Бајден се ожени со Џил Џејкобс, со која ја има ќерката Ешли.

И двајцата му се придружија во црквата денес, како и неговиот син Хантер и неговото семејство. Бо почина од тумор на мозокот во 2015 година.

Слично

Поврзани вести