Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТО ГО ОСТАВИВМЕ ВО КИЕВ - страдањето на украинските бегалци низ очите на едно момче, фотографија која го обиколи светот

ТАТО ГО ОСТАВИВМЕ ВО КИЕВ - страдањето на украинските бегалци низ очите на едно момче, фотографија која го обиколи светот

Повеќе од половина милион луѓе ја напуштија Украина поради војната која влезе во шестиот ден. Меѓу нив е Марк Гончарук, момче кое морало да го напушти својот дом и да замине во непознатото, додека неговиот татко останал во Киев, каде можеби ќе им се придружи на украинските волонтери.

„Го оставивме тато во Киев, тој ќе продава работи и ќе им помогне на нашите херои, нашата војска. Можеби дури и ќе се бори“, рече Марк Гончарук, момче кое се давеше во солзи додека тој и неговите братучеди бегаа од главниот град на Украина.

Марк моментално е во возило што заминува од Украина, заедно со новинарски екипи од Запад. Меѓу нив е и британски „Гардијан“ кој ја снимил драматичната исповед на момчето.

"Одевме три часа и вие не спасивте. Мислев дека ќе пешачиме два-три дена. Мислев дека ќе пешачам цел ден, но вие ни помогнавте“, низ солзи вели Марк.

Во меѓувреме, руските војници се наоѓаат на околу 60 километри од Киев, додека многу други градови се изложени на постојано гранатирање.

Слично

Поврзани вести