Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКОТО НА МАСК Е ВООДУШЕВЕН ОД ПУТИН: Го пофали рускиот лидер

ТАТКОТО НА МАСК Е ВООДУШЕВЕН ОД ПУТИН: Го пофали рускиот лидер

Таткото на милијардерот Илон Маск, Ерол го пофали рускиот претседател Владимир Путин. 

Тој е воодушевен од Путин „како маж“. Рече  дека би било „глупаво да не му се восхитуваат“. Го нарече силен лидер. 

Ерол Маск неочекувано се појави во интервју за програма на Би-би-си на руски јазик, објавено на 3 април, објави Киев Индипендент. 

Ерол Маск е поранешен јужноафрикански бизнисмен и политичар познат по заладените односи со своите деца. Помладиот брат на Илон Маск, Кимбал, претходно изјави дека нивниот татко порано им викал со часови, нарекувајќи ги бескорисни и патетични.

На прашањето за односот на Илон Маск кон Путин, Ерол рече дека нивните ставови се слични.

„Сите мислиме така. Сите сме исти“, рече тој за своето семејство.

Ерол додаде дека одлуката на Маск да и обезбеди на Украина сателитски интернет Старлинк на почетокот на војната во 2022 година е точна, но дека војната „не престанала, туку трае и продолжува“.

Ерол Маск ја отфрли идејата дека влегувањето на Маск во политиката е поттикнато од бизнис интереси. 

Слично

Поврзани вести