Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКОТО НА КИДНАПИРАНАТА ИЗРАЕЛКА ГО ВИДЕЛ МОРНИЧАВОТО ВИДЕО - „Толку е уплашена, а не можев да ѝ помогнам“, вели плачејќи

ТАТКОТО НА КИДНАПИРАНАТА ИЗРАЕЛКА ГО ВИДЕЛ МОРНИЧАВОТО ВИДЕО - „Толку е уплашена, а не можев да ѝ помогнам“, вели плачејќи

Израелскиот Канал 12 објави шокантна снимка од таткото на Израелката Ноа Аргамани, кој вчера беше киднапирана од припадници на Хамас.

Милитантите ја качиле на мотор додека таа плачела и викала: „Не ме убивај, не, не, не“.

Напаѓачот управувајќи го мотоциклот потоа излетал со брзина, а Ноа од тој момент повеќе не била видена.

Нејзиниот татко низ солзи зборувал за својата ќерка за еден израелски ТВ канал.

- Ми кажаа дека е објавено видео на кое се гледа. Таа е на мотор, а ми рекоа дека ја киднапирале и ја однеле во Газа - рече тој.

Тој вели дека се надевал дека е грешка, се додека не му пришол човек од болницата и не го прашал дали сака да го види видеото.

- Се согласив, а сега знам, мора да е Ноа, таа е преплашена. Толку исплашена, и секогаш се грижев за неа. Но, сега не можев да ја заштитам - се расплака мажот.

Заедно со стотици други млади Израелци, Ноа и нејзиното момче Ави уживаа на музички фестивал во пустината кога беа нападнати од членови на Хамас.

Десетици други Израелци, наводно, биле киднапирани на истата локација и однесени преку границата во Појасот Газа.

Потсетуваме, по нападот на Хамас и убиството и киднапирањето на израелски војници и цивили, армијата ја започна операцијата „Железни мечеви“.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека тоа не е операција, туку вистинска војна и нареди мобилизација на резервистите.


Курир.рс

Слично

Поврзани вести