Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таткото на џихадот Џон – Мојот син е животно!

Таткото на џихадот Џон – Мојот син е животно!

Таткото на Џихадот Џон се надева дека неговиот син ќе умре пред да се приклучи на исламска држава.

Џасем Емвази (51) го опишал својот син Мухамед (Џихадот Џон) како „куче, животно и терорист“ и додал дека пред да замине во џихад побарал опростување од родителите.

Стариот Емвази пред неколку дена дознал каде се наоѓа неговиот син, а неговиот колега од работа Абу Мешал изјавил дека сознанијата за синот тешко ги поднел.

„Го обземаа емоции, плачеше цело време. Кажа многу лоши работи за својот син, кажа дека зборувал со него и се обидувал да го убеди да се врати на својот живот, но тој несакал да го послуша. Џасем рекол, нека оди во гаволот мојот син“, изјавил Мешал кој со Емвази работи во супермаркет во Кувајт, 12 километри од границата со Ирак.

Мешал истакнал дека таткото на Емвази се откажал од синот во 2013 година, кога Мухамед го побарал од Турција и побарал благослов за да замине во Сирија да се приклучи на Исламската држава.

„Мухамет го побара и му рече дека оди во џихад. Го молеше Џасем да му го дозволи тоа и да му прости. Џасем го опцу. И се надеваше дека Мухамед ќе умре пред да стигне во Сирија“ изјавил Мешал.

Џасем Емвази во неделата е сослушан во Кувајт, после што изјавил дека е толку посрамотен и дека не сака да доаѓа на работа ни да излегува од својата куќа.

„Рече дека не може да се врати на работа. Срам му било. Рече дека ќе седи дома, дека се сака ни во џамија да иде. Не сака да го гледаат другите луѓе, се моли по дома“, додал Мешал.

Властите во Кувајт по сослушувањето го пуштиле Емвази, и навеле дека тој не е одговорен за однесувањето на својот син и дека може да се врати на работа. Тоа тој не го направил.

Слично

Поврзани вести