Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таткото на Абауд чувствува „гнев и одвратност“ кон него

Таткото на Абауд чувствува „гнев и одвратност“ кон него

Омар Абауд, татко на организаторот на париските напади од 13 ноември Абделхамид Абауд, изјавил дека би сакал неговиот син да беше фатен жив, но чувствува само „гнев и одвратност кон него“, објави весникот „Гардијан“.

Абауд беше убиен на 18 ноември како што соопшти француската полиција во северното париско предградие Сен Дени.

Адвокатот на таткото Натали Галантен изјавил за белгиски медиуми дека неговиот клиент жали за тоа што неговиот син не е уапсен.

„Тој сакал неговиот син да биде испрашан, и да разбере зошто го избрал овој пат“, додал адвокатот.

Клиентот е „длабоко депресивен“, но ја замолил да се распраша неколку детали за случката од француските власти.

Тој е во потрага по помалиот син, Јунис, кој е во Сирија од почетокот на 2014 година, и сакал да дознае дали тој е сеуште е жив.

Слично

Поврзани вести