Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКОТО Е ВО МНОГУ СЕРИОЗНА СОСТОЈБА И ПОСТОЈАНО ЈА ДОВИКУВА ЌЕРКАТА - најнови детали после авионската несреќа во Италија

ТАТКОТО Е ВО МНОГУ СЕРИОЗНА СОСТОЈБА И ПОСТОЈАНО ЈА ДОВИКУВА ЌЕРКАТА - најнови детали после авионската несреќа во Италија

Стигнаа детали за италијанскиот воен авион. 

Според првите извештаи, до несреќата дошло затоа што авионот влетал во јато птици, а потоа почнал да се губи. Пилотот успеал да се катапултира, а авионот паднал на самиот крај од пистата.

По експлозијата се превртел автомобил во кој се превезувало четиричлено семејство. Родителите успеале да го изведат постариот син на сигурно, но додека се обидувале да го спасат девојчето автомобилот се запалил и не можеле ништо да направат.

Девојчето Лаура (5) починало, а момчето се здобило со тешки изгореници и се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата.

Неговата состојба е многу сериозна и според првите проценки изгорениците покриле 15 отсто од неговата телесна површина.

Таткото на починатото девојче е во болница и цело време ја бара ќерката.

-Многу е вознемирен, мисли само на неа. Рече дека слушнал силен шум – објави директорот на болницата во Торино, каде е сместен.

Директорот на болницата во Торино додал дека мајката на девојчето е во тешка состојба и дека се здобила со изгореници на 13 отсто од површината на телото.

Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести