Taтко плати алиментација со вреќи полни монети
Дви Сусиларто од Индонезија, го исплати заостанатиот долг за алиментација од 14.520 долари во монети.
За да ги донесе 14-те вреќи тешки 890 килограми му требаше помош.
Тој вреќите со пари во Судот ги донесе со двајца пријатели.
Судот во мај му одреди на Сусиларто да плати 178 милиони рупии за заостанати алиментации на поранешната сопруга, која покрена тужба за „финансиско запоставување“.
Сусиларто успеал за три месеци да собере 155 милиони рупии во монети, а останатиот дел од долгот го исплатил со банкноти во готово.
Слично
