Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКО НАЈДЕ „СИГНАЛ“ НА АВТОМОБИЛОТ НА ЌЕРКАТА: Кога дознал што значи се смрзнал од страв

ТАТКО НАЈДЕ „СИГНАЛ“ НА АВТОМОБИЛОТ НА ЌЕРКАТА: Кога дознал што значи се смрзнал од страв

Еден татко сподели видое во кое опишува што нашол на автомобилот на неговата ќерка. Тој посочува оти три утра по ред наоѓал црна зип стега на задната врата од автомобилот на неговата ќерка, која со истиот автомобил се враќала од градот. 

Тој откри што е страшно зад сето ова и го сподели на TikTok. Имено, станува збор за тоа дека неговата ќерка понекогаш излегува од работа во 3 часот наутро, а бидејќи куќата не им е толку блиску мора да патува околу еден час, па се враќа со автомобил. Три утра по ред, таа имаше зип стега закачена на нејзиниот автомобил.

- Слушај ме. Не ми е гајле дали се согласувате со моите видеа или не. Но, сакам да обрнете внимание на ова - вели тој на почетокот на видеото додека се приближува до автомобилот. 

Притоа истакнува дека не знаел што е тоа и дека секој пат само го сечел и фрлал. Тој му кажал на својот брат што забележал, по што истакнува дека тоа што му го кажа никого не остава рамнодушен.

Имено, неговиот брат, кој работи во полиција, му објаснил дека вака трговците со луѓе ги обележуваат автомобилите на потенцијалните жртви, односно на тој начин киднапираат жени. Тоа е наводно некаков сигнал дека тој на чиј автомобил е прикачен е ранлив и сам, односно дека е лесна мета, а тој сигнал го примаат оние кои киднапираат жени.

Полесната варијанта е дека со зип стегта се одбележува возилото, односно дека се цели директно на самиот автомобил.

Луѓето го замолија да продолжи да ги информира другите бидејќи тоа е исклучително важно, а многумина му се заблагодарија. Во коментарите имаше и такви кои напишаа што друго може да биде сигнал за опасност во која може некој да се најде. 






Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести