Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, потврди дека двајцата вооружени лица кои убија 15 лица и ранија уште десетици на плажа во Сиднеј се татко и син.
Навид Акрам (24) претрпел сериозни повреди и останува во болница под полициска заштита. Неговиот педесетгодишен татко беше убиен од полицијата. Двајцата пукале во еврејска заедница чии припадници се собрале за да прослават настан на плажата Бондај.
Полицијата подоцна изврши рација во две куќи во Кемпси и Бонириг Хајтс во југозападниот дел на Сиднеј.
Комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Ланион, рече дека нема трет напаѓач.
Нападт е извршен на настан на одбележување на првиот ден од еврејскиот празник Ханука.
Слично
