Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКО И ЌЕРКА ПОВТОРНО ЗАЕДНО! Спасени од рушевините и раздвоени - Таа е мојот херој

ТАТКО И ЌЕРКА ПОВТОРНО ЗАЕДНО! Спасени од рушевините и раздвоени - Таа е мојот херој

Четиригодишното девојче Гада Ајан и нејзиниот татко Ахмет Ајан повторно се спојуваат откако биле закопани во урнатини што некогаш биле нивни дом во јужна Турција.

Тие беа заробени заедно кога нивниот дом се урна во земјотресот за кој сега се знае дека однесе повеќе од 45.000 луѓе. 

Двајцата се соочија со мачни дена по спасувањето кога Гада беше преземена од социјалните служби, додека Ахмет во болница.

„Кога првпат почна да се тресе, ја грабнав ќерка ми и целото мое семејство почна да исчекува“, рече Ахмет. „Зградата се урна врз сите нас“.

Неговата сопруга и син не преживеале. Ахмет го слушал плачот на синот додека бил заглавен. До него ја имаше ќерката. Таа лежеше на неговата нога и двајцата беа заробени не можејќи да се ослободат.

Урнатините беа сè до неговиот врат. На четвртиот ден под урнатините рече дека почнал да ја губи надежта, и бил во болки, бидејќи стапалото му беше тешко оштетено. Но, неговата ќерка не му дозволила да се откаже од надежта дека ќе биде спасен.

„Ќерка ми постојано ми велеше тато не плачи. Опушти се. Доаѓаат да не спасат“, рече Ахмет, објавува Си-Ен-Ен.

Четвртиот ден ќерката му рекла да погледне во светлината, по што тој слушнал гласови, и сватил дека доаѓаат спасувачките екипи. 

Гада прва беше извлечена со едвај гребаница на неа. Половина час подоцна успеале да го ископаат Ахмет. Но, таа беше предадена на грижа на социјалните служби додека тој беше испратен во болница.

Иако изгубил трага од својата ќерка, знаел дека повторно ќе ја види ако тоа е последното нешто што некогаш го направил.

Тој споделил на Фејсбук и Инстаграм, покажувајќи ја нејзината слика и молејќи се кој било да помогне да ја најде. На крајот негов роднина откри дека социјалните служби имаат здраво девојче без родители.

„Таа ме одржа во живот“, кажа тој за нејзиното постојано охрабрување со денови под урнатините. „Тоа е моето мало девојче. Таа е мојот херој. Таа е мојот херој“

Но, Ахмет и Гада се уште се справуваат со загубата на мајката на Гада и 7-годишниот брат на Гада.

Емотивното спојување на таткото и ќерката може да го видите на следниов линк.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести