Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКО ХЕРОЈ ЗАСТАНА ПРЕД МОНСТРУМОТ ЗА ДА СПАСИ ЖЕНА И 3 ДЕЦА: Нова снимка од драмата во трговски центар во Сиднеј (ВИДЕО)

ТАТКО ХЕРОЈ ЗАСТАНА ПРЕД МОНСТРУМОТ ЗА ДА СПАСИ ЖЕНА И 3 ДЕЦА: Нова снимка од драмата во трговски центар во Сиднеј (ВИДЕО)

Еден посетител на трговскиот центар Бонди во Сиднеј храбро застанал пред полуден напаѓач за да ги заштити сопругата и трите деца!

На видеото се гледа како маж во зелено-жолта кошула со нож во рацете трча низ трговскиот центар барајќи жртви. Во еден момент тргнал кон едно семејство, но на патот веднаш му се испречил маж, а напаѓачот веднаш се предомислил и заминал на другата страна.


Полицијата соопшти дека во нападот со нож што се случил околу 16 часот по локално време загинале пет посетители на трговскиот центар, а неколкумина се повредени.

Меѓу повредените има и деветмесечно бебе. Неколку од повредените се во критична состојба.

Според неофицијални информации, полицијата убила маж кој избодел посетители во трговски центар во Сиднеј.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести