Економија, финансии, бизнис

Контакт

Татко го обучувал синот како да стане џихадист

Татко го обучувал синот како да стане џихадист

Кривична пријава е поднесена против таткото кој му давал инструкции на синот како да стане терорист, јави шведското обвинителство.

Додека синот бил во Сирија, неговиот татко го обучувал и му давал упатства како да се разнесе на ѕидот на затворот во Алепо.

Обвинителот Рони Јакобсон изјави дека синот подоцна починал во Сирија. Уште не е одреден датумот на почетокот на судењето, а ако биде прогласен за виновен, обвинетиот може да добие до две години затвор.

Нему ќе му се суди за кривично дело „охрабрување, регрутирање и обука на други лица за терористички напади.”

Слично

Поврзани вести