Економија, финансии, бизнис

Контакт

Татко ги чекаше трите деца и сопругата на аеродром: Попусто, авионот од Џакарта не стаса

Татко ги чекаше трите деца и сопругата на аеродром: Попусто, авионот од Џакарта не стаса

Дел од очајните роднини на патниците од летот на индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“, чиј „Боинг 737“ се урна во морето денес вчера веднаш по полетувањето, ја дочекаа веста за страшната несреќа во Понтијанак. Тоа требаше да биде крајната дестинација на боингот кој полета од главниот град Џакарта оддалечен 740 километри оттаму. Сепак авионот никогаш не стаса - не стигнаа ни патниците. 

Јаман Заи, татко на три деца кои биле во авионот со нивната мајка, за Ројтерс изјави дека ги чекал на аеродромот во Понтијанак, кога ја слушнал веста за несреќата.

„Никогаш повеќе нема да ги видам“, рече тој, држејќи фотографија од неговата најстара ќерка.

Индонезиската агенција за безбедност се очекува да започне тековна истрага за несреќата, а Управата за безбедност на сообраќајот на САД  автоматски ќе биде дел од неа, бидејќи авионот е дизајниран и изграден во САД, според Ројтерс.

Основана во 2003 година, индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“ со седиште во Џакарта лета претежно во Индонезија. На последниот кобен лет биле качени повеќе од 60 лица.


Слично

Поврзани вести