Економија, финансии, бизнис

Контакт

Танкер со руска нафта нападнат кај Босфорот, екипажот е безбеден

Танкер со руска нафта нападнат кај Босфорот, екипажот е безбеден

Нафтениот танкер „Алтура“, кој превезувал сурова нафта натоварена во Русија, бил нападнат рано утринава во Црното Море, во близина на северниот влез на Босфорот. Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу потврди дека станува збор за брод под странско знаме, управуван од турска компанија, и изјави дека цел на ударот најверојатно бил машинскиот простор. На бродот имало 27 турски членови на екипажот и, според официјалните информации, сите се безбедни.

По инцидентот, турските служби испратиле спасувачки и интервентни пловила на местото на настанот. Според поморски извори, танкерот претрпел оштетувања на горниот дел од бродот и во машинскиот простор, по што била побарана помош. Засега нема официјална потврда кој стои зад нападот. „Алтура“ се наоѓа и на британската листа на санкции како пловило поврзано со транспорт на руска нафта, а нападот уште еднаш ја отвори темата за безбедноста на пловидбата во Црното Море, каде тензиите и натаму се високи.

Слично

Поврзани вести