Економија, финансии, бизнис

Контакт

Танкер на „Газпром“ транспортира гас преку Арктикот до Азија

Танкер на „Газпром“ транспортира гас преку Арктикот до Азија

Рускиот гасен гигант „Газпром“ денеска објави дека еден од бродовите на компанијата за првпат транспортирал течен природен гас од Европа во Азија преку Арктикот.

Танкерот „Об Ривер“ вплови во јапонското пристаниште Тобата по речиси еден месец откако го напушти терминалот Хамерфест во Норвешка, се наведува во соопштението на „Газпром“.

Во текот на патувањето рускиот танкер го следеле и неколку мразокршачи.

- Успешното патување на „Об Ривер“ покажува дека во целост можеме да сметаме на користење на трасата преку Северното Море за испорака на рускиот течен гас во азиско-пацифичкиот регион и на европскиот пазар, се наведува во соопштението на „Газпром“.

Русија изминатите неколку години врши голем број истражувања на Арктикот.

Слично

Поврзани вести