Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талибанците за прв пат удрија по американски борбен авион во Авганистан

Талибанците за прв пат удрија по американски борбен авион во Авганистан

Американски воен авион Ф16 налетал на непријателски напад во источниот дел на Авганистан, што многу ретко се случува во земјата, соопштија американски воени претставници, цитирани од „Франс прес“.

Авионот, кој чини околу 100 милиони долари, добил сериозни оштетувања, што довело до принудно исфрлање на горивото и муницијата пред да се врати во базата, наведуваат претставниците.

Нападот се случил минатиот вторник во реонот Саид Вози во источната провинција, која во најголем дел е под контрола на Талибанците. Екстремистичката организација пуштила порака на „Твитер“, во која се истакнува дека е соборен непријателски авион.

Првично американските воени сили најавија дека немаат оперативни информации кои ќе ги потврдат тврдењата на талибанците. Но според откриени воени извори и „Франс прес“, авионот изгубил два резервоара, ракета воздух-земја и две бомби.

Подоцна САД потврдија дека на 13 октомври авион Ф-16 на САД налетал на непријателски оган со малку оружје во провинција во Авганистан.

Пилотот исфрлил два резервоара и три кутии муниција пред безбедно да се врати во базата. Пилотот не е повреден, наведуваат од војската.

Според аналитичарите авионот летал на многу ниска височина.

Талибанците срушиле неколку воени хеликоптери од 2001 година, користејќи лесно оружје, но никогаш не се случило да урнат суперсоничен авион.

Нападот ги нагласува ризиците со кои се соочуваат странските сили во Авганистан. На крајот на минатата недела Вашингтон соопшти дека го продолжува военото присуство по 2016 година.

Слично

Поврзани вести