Талибанците тврдат дека собориле хеликоптер на САД
На социјалните мрежи, Талибанците од Авганистан објавија дека собориле хеликоптер на САД на југот од земјата и дека војниците загинале на лице место.
Инцидентот наводно се случил во местото Шавал Манда, во провинцијата Хелманд, најголема во Авагнисатн, пренесуваат повеќе светски медиуми.
На Фејсбук страницата на Ватан прес, со седиште во Кабул, објавена е и фотографија за која се тврди дека е од соборениот хеликоптер.
Досега во повеќе наврати се случи да бидат соборени американски авиони или хеликоптери во Авганистан.
Слично
