Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талибанците забранија момчињата и девојките да студираат заедно

Талибанците забранија момчињата и девојките да студираат заедно

Во Авганистан момчињата и девојките нема да можат да студираат заедно. 

Талибанците најавиле забрана за заедничко образование. Зиар Кан Јад, новинар во авганистанскиот информативен канал „Толо њуз“, изјавил дека вршителот на должност министер за образование најавил дека момчињата и девојките повеќе нема да можат да студираат заедно на универзитетите и дека ќе продолжат да учат во одвоени класови во склад со исламскиот закон, пренесуваат повеќе медиуми.  Независниот новинар Башир Ахмад Гвак објави на Твитер дека талибанскиот министер за високо образование официјално забрани  жените да ги подучуваат мажите. Од 15 август, Талибанците го имаат под контрола и главниот град Кабул. Припадниците на исламистичкото милитантно движење ќе ја преземат контролата врз аеродромот во авганистанската престолнина на 31-ви август по повлекувањето на американските војници, пренесе телевизијата Al Jazeera наведувајќи талибански извори.

Слично

Поврзани вести