Талибанците водат жестоки борби со авганистанските бунтовници
Во Авганистан има жестоки борби меѓу Талибанците и авганистанските бунтовници.
Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид изјавил дека нивните борци влегле во Паншир и контролирале дел од територијата.
„Почнавме со операции откако пропаднаа преговорите со локалните вооружени групи“, рече тој.
Но, од авганистанскиот Национален фронт за отпор, кој собира бунтовници, рече дека тие имаат целосна контрола врз сите премини и влезови и ги отфрлиле обидите да се заземе областа Шотул на влезот во долината.
„Непријателот неколку пати се обиде да влезе во Шотул од Јабул-Сарај и не успеа“, рече тој, мислејќи на град во соседната провинција Прван.
Двете страни даваат различни податоци за загубите на другата страна без никакви докази и не е можно да се проверат. Талибанците тврдат дека долината Паншир е опкружена од сите четири страни и дека бунтовниците не можат да победат, а бунтовниците истакнуваат дека нема да се предадат.
Две недели откако ја презедоа контролата врз целата територија на Авганистан, Талибанците, најавија дека ќе ја објават новата влада.
