Талибанците распоредуваат бомбаши самоубијци на границите со соседите
Во Авганистан, Талибанците формираа специјален баталјон од бомбаши – самоубијци.
Тие се на северот од земјата за заштита на границите со Кина и Таџикистан, изјави заменик – гувернерот на провинцијата Бадакшан, Мула Нисар Ахмад Ахмади. Бомбашите – самоубијци учествуваа во терористичките напади врз силите на соборената влада и членовите на меѓународната коалиција, предводена од Соединетите Американски Држави. На 6 септември, Талибанците имаа целосна контрола на територијата на Авганистан. Авганистански преведувачи што работеле за Холандија се повикани да се појават пред талибанскиот суд, објавија вчера холандските медиуми.
Слично
