Талибанците претепуваат и затвораат новинари
Талибанците затвориле 153 медиуми, a притворени се 32 новинари, при што неколкумина се претепани.
Овие податоци денеска ги соопшти организацијата "Human Rights Watch". Како што објави "HRW", организација со седиште во Њујорк, повеќето новинари од вкупно 32 притворени биле пуштени од притвор откако Талибанците ги предупредиле за нивното пишување. Дел од нив се претепани. Талибанците на авганистанските медиуми им порачале дека треба да се воздржат од известување за работите кои службениците не ги потврдиле.
Слично
