Талибанците претепале новинар и снимател близу Кабул
Талибанците претепале новинар и снимател во околината на Кабул.
Репортерот на авганистанската телевизија TОЛОњуз, Зијар Јад и неговиот снимател биле претепани додека правеле прилог за состојбата на сиромашните и невработеноста. Талибанците им ги одзеле мобилните телефони и камерата.
Ахмадула Васик, заменик -шеф на талибанската комисија за култура, изјави дека новинарите во Кабул не добиле ќотек, туку се работело за закани. Деновиве имало повеќе напади, но тие не добиле публицитет. Во Кабул е напнато. Денеска близу аеродромот имаше експлозии, каде загинаа над 10 луѓе. Фото: EPA-EFE/NAWID TANHA
Слично
