Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талибанците образложија зошто според нив жените не треба да студираат

Талибанците образложија зошто според нив жените не треба да студираат

Талибанците во Авганистан објаснија зошто според нив жените не треба да студираат. 

Велат дека предметите што се изучуваат на универзитетите ги кршат принципите на исламот. Тврдат дека студентките не ги следеле упатствата, како и правилниот кодекс на облекување.

Министерот за високо образование на Талибанците, Нида Мохамад Надим изјави дека забраната е неопходна за да се спречи мешањето на половите на универзитетите и затоа што верува дека некои предмети што се изучуваат на универзитетите ги прекршуваат принципите на исламот.

„За жал, по 14 месеци, инструкциите на Министерството за високо образование на Исламскиот емират во врска со образованието на жените не се спроведени“, кажа Надим во интервју за државната телевизија.

Вели дека девојките не носеле хиџаб како што било наредено. 

„Девојките студираа земјоделство и инженерство, но тоа не одговараше на авганистанската култура. Девојките треба да учат, но не на области кои се против исламот и авганистанската чест“, додаде министерот.

Објасни дека Талибанците работат на решавање на овие проблеми и дека универзитетите повторно ќе се отворат за жените откако ќе се решат проблемите.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека родовиот прогон може да претставува злосторство против човештвото. Таа најостро ја осуди одлуката на Талибанците да им забранат на жените да одат на универзитети, што, заедно со другите мерки преземени од талибанците, може да изгледа како систематска политика.

„Авганистан е потписник на Римскиот статут, според кој родовиот прогон е злосторство против човештвото“, рече Бербок.

Десетици жени се собраа  пред универзитетот во Кабул во знак на протест против одлуката на Талибанците да ги затворат универзитетите за нив. 

Слично

Поврзани вести