Талибанците не дозволуваат жените да го посетат еден од најпопуларните национални паркови во Авганистан
Нова забрана за жените во Авганистан.
Талибанците ќе ги користат безбедносните сили за да ги спречат жените да го посетат еден од најпопуларните национални паркови во Авганистан, јавува Anadolu.
Жените не го почитувале правилниот начин на носење хиџаб, или шамија, кога отишле во Банд-е-Амир во централната провинција Бамијан.
Пред една седмица министерот Мохамад Калид Ханафи ја посети провинцијата и им рече на официјалните лица и верските службеници дека жените не го следат правилниот начин на носење хиџаб, барајќи од безбедносниот персонал да ги спречи жените да ја посетат туристичката локација.
„Жените не се обврзани да одат на разгледување на градот“, рече тогаш Ханафи.
Хедер Бар, помошник-директор за правата на жените во Хјуман рајтс воч, рече дека „незадоволни со негирање на образованието, вработувањето и слободното движење на девојките и жените, Талибанците сакаат да им ги одземат парковите и спортовите, а сега дури и природата“.
Талибанците годинава наредија затворање на салоните за убавина.Тие забранија девојки да работат во трговски центри. Откако талибанците во 2021 година дојдоа на власт воведоа ограничувања за девојките и жените, за кои тврдат дека не се согласност со исламот. Ги натераа телевизиските водителки да носат хиџаб.
Девојките не смеат да одат на факултет, а воедно Талибанците забранија музика.Талибанците велат дека вратоврската го претставува христијанскиот крст и треба да се забрани.
foto freepik.com
