Талибанците наредија за 10 дена да се затворат сите салони за убавина
Уште една забрана во Авганистан. Талибанците наредија затворање на салоните за убавина. Телевизијата Ал Арабија објави дека Талибанците дале рок од 10 дена да се затворат сите салони за убавина во земјата.
Тие забраниле девојки да работат во трговски центри. Откако талибанците во 2021 година дојдоа на власт воведоа ограничувања за девојките и жените, за кои тврдат дека не се согласност со исламот. Ги натераа телевизиските водителки да носат хиџаб, а ги забранија и филмовите во кои се појавуваат актерки.
Девојките не смеат да одат на факултет, а воедно Талибанците забранија музика.
Слично
