TAКЕР ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗОШТО ПУТИН ЈА НАПАДНАЛ УКРАИНА: Мислев дека тоа е една од најглупавите работи што некогаш сум ги слушнал
Aмериканскиот новинар Такер Карлсон го критикува оправдувањето на рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина велејќи дека денацификацијата на земјата е „една од најглупавите работи што некогаш ги слушнал“. Со водителот Лекс Фридман на поткаст објавен во вторникот, Карлсон го коментира своето контроверзно интервју со рускиот претседател.
Карлсон кажа дека првиот впечаток му е дека Путин изгледал нервозно и дека влегол во интервјуто како преподготвен студент. Фридман го прашал Карлсон што мисли за оправдувањето на Путин да продолжи да води војна во Украина, пишува „Њузвик“.
„Мислев дека тоа е една од најглупавите работи што некогаш сум ги слушнал. Не разбрав што значи. Го мразам целиот тој разговор бидејќи не е реален. Тоа беше само ad hominem. Тоа беше начин да се поврзе некого со злобниот режим, кој повеќе не постои“, објасни Карлсон.
Како што кажа Карлсон, нацизмот повеќе не постои затоа што е „неразделен од германската нација“.
„Јас сум многу антинацист. Само велам дека во 2024 година нема нацистичко движење. Тоа е начин луѓето да се прикажат злобни“, рече Карлсон.
Рускиот лидер во континуитет тврди дека целта е денацификација на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е Евреин, постојано ги отфрла тврдењата на Кремљ дека владата во Киев е отворено пронацистичка. Интервјуто на Такер и Путин побуди голем интерес.