Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАКЕР КАРЛСОН СЕ ВРАЌА ДОМА ПРЕКУ БЕЛГРАД! Никој не го видел интервјуто со Путин, а веќе е светска тема број 1

ТАКЕР КАРЛСОН СЕ ВРАЌА ДОМА ПРЕКУ БЕЛГРАД! Никој не го видел интервјуто со Путин, а веќе е светска тема број 1

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој направи интервју со рускиот претседател Владимир Путин во Русија, утрово ја напушти Москва со лет за Белград.

На социјалните мрежи се појави фотографија од Карлсон во авионот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно потврди дека Карлсон се сретнал и разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.

Се очекува интервјуто да се појави на страницата на Карлсон на X платформата, или поранешен Твитер, а на неговата веб-страница некаде помеѓу четврток и петок.


По информациите дека Европската унија наводно размислува за воведување санкции за Карлсон, руските медиуми повикувајќи се на свои извори од Советот на ЕУ објавија дека за тоа воопшто не се разговара.

– Не, во моментов не станува збор за воведување санкции против него – изјави за ТАСС неименуваниот дипломат.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести